Прва соларна електрана во Битолско

Bez autora
Nov 21 2012

И покрај дождливото време, вчера во село Егри беше пуштена во употреба првата соларна електрана на територија на општина Битола, која сончевата топлина ќе ја преработува во електрична енергија. Електраната зафаќа површина од 2,5 хектари под фотоволтаични модули, а ќе произведува електрична енергија со моќност од еден мегават. Инвеститор е фирмата „Торпедо солар ГТ-Битола“, а изведувач бугарската компанија „Солар про холдинг“. Финансирањето на проектот беше овозможено од Kапитал банка АД Скопје. Основачите на фирмата-инвеститор, професор Љупчо Трпезановски и бизнисменот Драган Герзовски, велат дека дошле на идеја да изградат соларна електрана откако Владата ги донела потребните регулативи, а општина Битола донела одлука ваквите објекти да се ослободат од плаќање давачки за инфраструктурно уредување. Покрај ова, собрале големо искуство посетувајќи саеми во Пекинг, Атина, Истанбул, Шангај и други места.

Прва соларна електрана во БитолскоИ покрај дождливото време, вчера во село Егри беше пуштена во употреба првата соларна електрана на територија на општина Битола, која сончевата топлина ќе ја преработува во електрична енергија.

Електраната зафаќа површина од 2,5 хектари под фотоволтаични модули, а ќе произведува електрична енергија со моќност од еден мегават. Инвеститор е фирмата „Торпедо солар ГТ-Битола“, а изведувач бугарската компанија „Солар про холдинг“. Финансирањето на проектот беше овозможено од Kапитал банка АД Скопје.

Основачите на фирмата-инвеститор, професор Љупчо Трпезановски и бизнисменот Драган Герзовски, велат дека дошле на идеја да изградат соларна електрана откако Владата ги донела потребните регулативи, а општина Битола донела одлука ваквите објекти да се ослободат од плаќање давачки за инфраструктурно уредување. Покрај ова, собрале големо искуство посетувајќи саеми во Пекинг, Атина, Истанбул, Шангај и други места.

- Струјата ќе му се продава на оператор на пазарот на електрична енергија, а постои гарантирана цена за тие што имаат добиено решение од Регулаторната комисија за повластен производител. Таа е 26 евроценти за киловат-час - изјави Љупчо Трпезановски, еден од основачите на „Торпедо Солар ГТ“ од Битола.

Соларната централа е поставена на Пелагониското Поле, кое изобилува со сончеви денови во текот на годината. Дури и кога врне дожд, централата продолжува да произведува струја.

- И кога има дожд, односно нема интензивно сончево зрачење, има производство. Доволно е само да биде светло. Тогаш се добиваат 10 проценти од максималното производство, но сепак централата не згаснува - додава Трпезановски.

Од бугарската фирма „Солар про холдинг“, велат дека ова е крајно еколошко производство на електрична енергија, кое не ја загадува животната средина.

- Централата при производство на еден киловат-час електрична енергија заштедува 0,7 килограми јаглероден двооксид. Нејзиниот живот е 25 години, а 22 години централата ќе работи со нула емисии на штетни гасови и со тоа се заштитува околината - изјави Николај Димитров Беров од „Солар про холдинг“ од Бугарија.

Ова е втора соларна електрана во Пелагониско. Една со моќност од еден мегават е веќе пуштена во употреба во новачкото село Гермијан, а трета се гради во Демирхисарско. Соларни централи има во Прилепско и во Штип.

- Со Kјото-протоколот Македонија има обврска да ги зголеми обновливите извори на енергија до 20 проценти. Со уредбата на Владата треба да се добијат инвестиции од 150 мегатвати во делот на ветерна енергија, 10 мегавати во делот на сончева енергија и 10 мегавати во делот на биомаса и биогас. Од вкупниот капацитет од тие 10 мегавати инсталирана моќност во соларни електрани досега се пуштени во работа само 4 мегавати - изјави Лазар Гечевски, директор на Агенција за енергетика.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik